Најчесто поставувани прашања:

Колку изнесува данокот на промет?
-Прва продажба нема данок
-Од физичко лице продажба – 3%
-На фирма 18% ДДВ + 3%

Кој го плаќа данокот на промет?
-Плаќањето на данокот е по договор на двете страни, во пракса купувачот

Кој ја плаќа услугата на агенцијата?
-По договор, во пракса продавачот при продажба, а при издавање по половина од купувачот и продавачот.

Кој ги плаќа административните трошоци и нотарот?
-По договор.

Кој ја утврдува основицата за данок на промет?
-Комисија од Управа за јавни приходи од локална самоуправа – Општина.

Колкав временски период трае проценката на данок на промет?

-15 работни дена.

Во кој рок треба да се исплати данокот на промет?
-Во рок од 15 дена после извршената проценка.

Каде се заверува купопродажен договор?
-Кај Нотар во местотo каде се наоѓа недвижноста.

Колку временски трае процедурата?
-30 дена.